Роденденски скок во смрт: Обидот на татко на осум деца да направи интересно видео завршил трагично


Пишува: Точка

Снимката го покажува моментот кога таткото на осум деца очигледно се лизнал и паднал во провалија, а се обидува да сними роденденско видео.

Снимката објавена на Фејсбук во неделата го покажува Халил Даг, кој стои на врв на карпа во градот Урфа во Јужна Турција и ги крева двете раце за фотографирање.

Тој скока од карпата со триумфален извик, но губи рамнотежа при доскокот, и се лизга кон работ на 164 метри високата карпа.


Неговиот шокиран пријател вика по него и се обидува да му помогне, но без корист.

38-годишниот Даг паднал на дното на карпата во близина на курдски ресторан и бил одведен во болница во Баликлигол, каде починал.

No comments

Powered by Blogger.