Американците признаа: Русите се воено надмоќни во три области...

Пишува: Точка

Постојат најмалку три клучни сфери во кои што Русија е воено надмоќна над армијата на Соединетите Американски Држави.

Според научната соработничка на Центарот за стратешки и меѓународни истражувања (The Center for Strategic and International Studies, CSIS), Лиза Сојер Семп, руската армија во три области е надмоќна над својот најголем ривал - вооружените сили на САД.

„Првата сфера е можноста за ограничување и спречување на пристапот на одредена територија (концептот anti-access and area denial, A2/AD), втората сфера се комбинираните воени дејствија во кои што истовремено учествуваат повеќе „родови“ на војската и третата е сајбер и радио-електронското војување“, тврди Лиза Сојер Семп.
Во својот текст, авторите на студијата се занимаваат посебно со првата сфера во контекст на можен воен судир на Русија и САД во Европа. "A2/AD" е концепт на држење на противникот на одредено растојание со помош на различни системи на вооружување, создавајќи услови во кои што обидите за инвазија на некоја зона неизбежно би довеле до значајни загуби.

Во современите случаи пред се станува збор за ракетните системи за против-воздушна одбрана, крстосувачките ракети и другите средства за уништување на мети на поголема оддалеченост.

Филип Бридлав, поранешен командант на американската војска во Европа, минатото лето истакна дека американската војска премногу се потпира на своите воздухопловни сили, кои што веројатно нема да бидат доволни за да биде решен проблемот со "A2/AD".

Поради тоа, тој повика на зајакнување на копнените формации на воените сили на САД и НАТО Алијансата во Европа. Интересно е тоа што и самото постоење на руските зони "A2/AD" американскиот генерал го оцени како „навредливо“.

Евелин Фаркаш која што до неодамна беше помошник на американскиот министер за одбрана за прашањата околу Русија, Украина и Евроазија, смета дека иако рускиот одбранбен буџет значајно заостанува зад американскиот, постоечките средства Русија ги користи многу ефикасно.

„Тие ги прошируваат своите можности во одредени клучни области, како што се крстосувачките ракети, ПВО системите и слично. Тоа за нас претставува проблем“, изјави Евелин Фаркаш за американските медиуми.

No comments

Powered by Blogger.