Скорпиите се мистични, Девиците освојуваат со интелигенција: Зошто е неодолив секој знак?

Секој хороскопски знак има своја, особено привлечна еротска нота. Во продолжение, дознајте која е тајната на вашиот знак од Зодијакот...

Пишува: Црнобело

Кога сè ќе се собере и одземе, заклучокот е дека физичкиот излед не е одлучувачки фактор за сексапилот на одредена личност. Напротив.

Повеќе е особина која е нетипична на прв поглед, а сепак ги возбудува припадниците на спротивниот пол. Притоа, астролозите се согласни дека секој хороскопски знак има своја „мала тајна“, поради која им е посебно привлечен на другите луѓе.



Во продолжение, дознајте која е особината поради која секој знак е неодолив во туѓите очи:

Овен

Страст. Овните се самостојни и импулсивни, најчесто во комплет со тврдоглавоста, како уште една нивна особина. Поради таквиот спој од карактеристики, личностите родени во овој знак брзо ги вовлекуваат другите во сопствениот вител, вртејќи ги околу малиот прст со својот неодолив шарм и дух.

Бик

Успех. Биковите се родени лидери. Тежнеат кон оптимизација и се задоволуваат само со најдоброто. А, бидејќи успехот сам по себе е секси, високо котираат на листата, барем кога е сексапилот во прашање. Припадницте на овој знак навистина умеат да водат грижа за саканите. Знаат што е добар вкус и го ценат луксузот, а партнер(к)ите ги разгалуваат од глава до пети.



Близнаци

Мудрост. Близнаците секој љуби да ги слуша, затоа што се одлични говорници и забавувачи. Колку е поголемо нивното искуство, толку повеќе ги фасцинираат сите околу себе. За жал, овој хороскопски знак е склон и кон правење сплетки, па често ги извртува фактите. Меѓутоа, нивната каприциозност е истовремено атрактивна и опасна.
Рак

Непредвидливост. Раковите се тотално непредвидливи како личности. Се колебаат помеѓу слободата и приврзаноста, ладнокрвноста и емотивноста, срдечноста и дистанцата. Токму поради својата непредвидлива природа, тие се мошне привлечни во очите на другите луѓе.



Лав

Шарм. Лавовите се вистински шармери, кои ги освојуваат туѓите срца со молскавична брзина. Нивната енергија, во комбинација со топлината, ги прави симпатични – но и егоисти желни за внимание – затоа што постојано бараат внимание, љубов и пофалба.
Девица

Интелигенција. Кој сака интелектуални разговори, тој треба да излегува со Девица. Личностите родени во овој знак се педантни, остроумни и ориентирани кон решавање на проблемите. За жал, таквите когнитивни предности честопати им преминуваат во нереалност. Поради тоа, кај нив вообичаено постои судир помеѓу емоциите и реалниот живот. Меѓутоа, тие сè ќе дадат за љубовта, а спаѓаат и меѓу најверните хороскопски знаци.

Вага

Сензибилност. Припадниците на овој знак не само што се длабокоумни, туку и полни со разбирање, па познати се по својата сензибилност. Додуша, некому ќе му се отворат дури после некое време, но кога еднаш ќе ја стекнете нивната доверба, тие за навек ќе се држат за вас. Вагите неретко ја предаваат контролата во рацете на другите, па добро се чувствуваат со подоминантни луѓе околу себе. А, кога станува збор за проблемите или емоциите, тие се вистински спасители.
Скорпија

Мистичност. Скорпиите имаат темна, скриена и безобразна страна – а тоа ги прави фасцинантни личности. Со нив може да доживеете безброј подеми и падови. Родените во овој хороскопски знак се екстремни, ама и вешти мајстори за заведување.



Стрелец

Добрина. Стрелците ги преплавуваат другите со своите изливи на љубов и нежност. Срцето им е на јазикот, па сакаат да им се отвараат на другите. Но, доколку некој ги злоупотреби, тогаш ќе мора да смета на последиците, бидејќи родените во овој знак не се склони кон простување. Ним искреноста и верноста им се најважни, па не се ни обидувајте да ги искористите на лош начин.
Јарец

Смиреност. Јарците зрачат со извонреден внатрешен мир. Тие се трпеливи и остануваат верни на своите принципи. Умеат да бидат и затворени, па честопати другите ги држат на тенок мраз, пред да им ја подарат својата доверба.



Водолија

Харизма. Водолиите се неверојатно шармантни, а ни самите не се свесни за тоа. Во мноштво случаи, причината е немањето самодоверба, но за среќа, посебноста на нивната личност не е невидлива и за туѓите очи.
Риби

Флексибилност. Припадниците на овој знак се мајстори во кревет, а главен адут на нивниот карактер е спонтаноста. Цврсто им веруваат на своите чувства, поради што понекогаш делуваат и по малку наивно. Меѓутоа, не смее да ги помешате наивноста и невиноста кога се тие во прашање. Рибите се и тоа како дрски, па никому нема да останат должни.

No comments

Powered by Blogger.