Поучна приказна за сите што сакаат да ја видат својата иднина

Еднаш одамна живеел еден човек кој верувал дека може да ја предвиди судбината, гледајќи во ѕвездите.

Пишува: Точка

Се нарекувал астролог и ноќите ги минувал набљудувајќи ги ѕвездите.

Една вечер одел по еден отворен пат со погледот вперен кон небото. На миг помислил дека видел како се ближи крајот на светот, кога одненадеж паднал во дупка полна со кал и вода.

Нечистата вода му била дури до ушите и бесно гребел за да се извлече од лизгавата дупка.

Откако го забележале, неколку селани дотрчале на помош. Кога го извлекле од калливата дупка, еден од нив му рекол:

„Се преправаш дека можеш да ја видиш иднината гледајќи во ѕвездите, а не успеа да видиш што ти се наоѓа пред нозете. Ова може ќе те научи малку повеќе да посветуваш внимание на тоа што е пред тебе и да оставиш иднината да се погрижи за останатото.“

„Која е користа да ја предвидиш иднината, кога не си ја живееш сегашноста?“, додал другиот селанец.

No comments

Powered by Blogger.