Се разбудил ранетиот војник кој побегнал од Северна Кореја: Лекарите откриле што прво им побарал

Пишува: Точка

Севернокорејскиот војник, кој пред една седмица побегнал преку границата во Јужна Кореја, се разбудил.

Тој побарал да гледа телевизија и јужнокорејски филмови, пренесуваат медиумите.

"Веруваме дека најкритичните моменти се зад него", истакнале од болницата.

Лекарите рекле дека и натаму е истрауматизиран и дека, за да му ја олеснат психичката состојба, пред него во болницата закачиле знаме на Јужна Кореја.

Потсетуваме, мажот ја минал демилитаризираната зона, но неколку пати го застрелале севернокорејските граничари. Имал високо ниво на паразити во цревата, соопштиле лекарите.

Докторите велат дека пациентот е во стабилна состојба - но дека големиот број на црви во неговото тело му задаваат рани и ја влошуваат неговата ситуација.

Тој го напуштил своето стражарско место, и трчал кон "куќата на слободата", која е сместена од јужнокорејската страна на границата, но и натаму во нејзина непосредна близина.



Во војникот веднаш припукале неговите, тогаш веќе поранешни, колеги од севернокорејската војска и го раниле.

Ранетиот војник бил прифатен од јужнокорејските војници кои итно го евакуирале.

Станува збор за трето бегство на севернокорејски војник преку границата оваа година.

No comments

Powered by Blogger.