Ќе ви го стопат срцето – дечиња од градинка му помогнаа на момчето да ја запроси нивната воспитувачка

Ноември е месецот кој Сара Тригеро од Невада никогаш нема да го заборави. Она за кое сметала дека ќе биде уште еден обичен ден на работа се претворил во најромантичниот предлог за свршувачка и најубавото изненадување во животот.

Пишува: Црнобело

Нејзиното момче, Далин Кнехт, во договор со директорката на градинката и дечињата од нејзината група, успешно го спровел планот за запросувањето.

Додека Сара била на состанок кај директорката, Далин со групата дечиња на возраст од 2 до 3 години се наместил во дворот на градинката.


Кога таа излегла, групата дечиња го држеле огромниот банер на кој пишувало – „Сара, кажи ДА“,додека Далин клекнал на колена со прстенот во рака.
Сара нормално го прифатила предлогот, а дечињата од групата веднаш го опсипалe со прегратки и бакнежи среќниот пар.

Зарем ова не е прекрасна идеја за запросување на саканата?

Decinjata-od-gradinka-mu-pomognaa-na-momceto-da-ja-zaprosi-nivnata-vospituvacka-02.jpg

No comments

Powered by Blogger.