Приказната на оваа Црногорка е хит на интернет: Погледнете како куче ја спаси девојката од крадец

Пишува: Точка

Во населбата Стар Аеродром во Подгорица среде бел ден се случил обид за кражба, кој завршил неславно.

На снимката се гледа Јелена, девојка која се враќала од продавница со ќеси во рацете, додека во чекор ја следело момче во жолта јакна.

Покрај нив, главен актер на оваа приказна кој на крај испаднал херој е кучето Медо. Медо е вистински доказ дека кучето е најдобар пријател на човекот.

Имено, на видеото се гледа како момчето се обидува да ја ограби девојката, но кога ја бутнал, Медо стапил во акција. Тој го нападнал крадецот и лаејќи го избркал низ улицата, а крадецот избегал со празни раце.

Овој случај го забележала камерата која се наоѓала во близина, а снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи. Дури и светските медиуми го пренесоа храбриот подвиг на Медо.

Доволно е да се каже дека за само 18 часа, видеото е прегледано повеќе од 8 милиони пати.

Погледнете го видеото:

No comments

Powered by Blogger.