Од девојче без обувки до медиумски могул: Ова се тајните за успех на Опра Винфри

Пишува: Точка

Водителка, глумица и продуцентка Опра Винфри е највлијателната жена на светот. Со сопственото ТВ шоу успеа да инспирира многу луѓе низ светот, па поради тоа се закити со титулата "Кралица на сите медиуми".

Опра Винфри пораснала во сиромашно место и често била жртва на расизам. Во тинејџерските години била силувана од својот братучед. Но, после сите болки кои ѝ ги нанесе животот, таа успеала да ги оствари своите сништа, па така денес претставува голема иснпирација на жените ширум светот.



Во повеќе интервјуа, Опра зборувала за тајните на успехот, а ова се петте најважни:

1. Пронајдете го вашиот сон

Длабоко во себе Опра знаела што сака да биде и го послушала својот инстинкт кога ги донесувала сите одлуки, а токму тој инстинкт ѝ помогна да биде она што е сега-највлијателна жена на светот.
2. Направете го првиот чекор

Кога знаеш кој е твојот сон и што сакаш да бидеш, време е да му се приближиш на својата цел. Поставете си прашање: Кој е мојот следен чекор? Направи го првиот чекор и не застанувај сè додека не ја постигнеш својата цел.
3. Зграби ја својата прилика

Опра не верува во среќа. Таа смета дека сè што ви се случува во животот е само подготовка за вистинскиот момент кој треба да пристигне. Треба да ги прифатите тие искуства за да ја зграбите вашата шанса.
4. Можете да се контролирате само себе си

Опра имала едноставен пристап кон другите конкурентски емисии: да не го троши времето на нив. Бидејќи не можете да ги контролирате другите, туку само себе, преиспитајте сè што можете вие да направите.
5. Сите ја посакуваме истата работа

Во својата емисија Опра им давала на луѓето една работа која на сите им е потребна: сочувство. Дури и откако станала милјардерка, Опра рекла дека не постои разлика меѓу неа и нејзината публика, освен фактот дека таа може да има подобри обувки.

No comments

Powered by Blogger.