Секунди ја делеле од смрт во авионот со фудбалерите: Стјуардеса проговори за несреќата после една година и откри како успеала да преживее

Пишува: Точка

28-годишната стјуардеса Хелена Суарес е една од шесте лица кои што го преживеаа падот на авионот во кој што пред една година загина речиси целиот фудбалски тим на бразилски Шапекоенсе.

Таа денес вели дека нејзиниот живот го спасил Бог и дека за тоа постои причина. На 29-ти ноември кога се срушил авионот на 17 километри од својата дестинација, Суарес смета дека тоа бил денот кога таа повторно се родила. Во несреќата загинаа вкупно 71 лице, а со „божја волја“ како што вели таа, шестмина преживеале.

„Луѓето ми се восхитуваат, ме гледаат како чудо. Ми велат дека сум имала среќа за да се спасам, но јас велам дека за мене тоа не е среќа, туку божја волја и секако, жал ми е што ги загубив колегите“, вели стјуардесата од Боливија и додава дека преживеаните ги смета за браќа затоа што ги поврзува траумата низ која што поминале.

Токму поради тоа што ја избегнале смртта, Суарес смета дека верува дека ја спасил Бог со јасна цел - да им помага на другите. Тоа е нешто со што би сакала да се занимава во иднина, а таа веќе има одржано неколку мотивациски говори и напишала книга за трагедијата која што наскоро треба да биде објавена. Летањето за неа вели дека не е минато.



„Сакам повторно да летам. Тоа е мојот сон и мојата страст“, вели таа и на прашањето дали ќе се врати повторно да го работи истото, вели дека тоа зависи од нејзиниот терапевт и психолог.

Самиот лет го опишува како мирен до кобниот момент и нагласува дека верува дека пилотите направиле се што можеле за да ги спасат патниците. Еден детал најверојатно бил пресуден за тоа што преживеала. Неколку моменти пред падот, таа се префрлила во задниот дел од авионот.

Иако како стјуардеса била подготвен за такви моменти, секако тоа бил момент со морничави сцени кои што и натаму ја прогонуваат. Како што вели, ниту денес, една година после трагедијата, таа не може да спие, па затоа пие пилули за спиење.



„Понекогаш имам кошмари. Не можам да спијам. Се обидов да ги оставам пилулите, но не можам затоа што се будам во текот на ноќта. Знам дека се случуваат несреќи, но знам и дека морам да останам силна“, вели Суарес.

Чартер летот кој што превезуваше 77 патници кои што во најголем дел беа фудбалери и членови на стручниот штаб на бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе, се сруши на 29-ти ноември 2016-та година во централна Колумбија. Авионот летал од Сао Паоло преку Боливија и Меделин во Колумбија, каде што тимот требаше да игра натпревар во Копа Американа. Загинаа вкупно 71 лица, меѓу кои 19 фудбалери и 21 новинар.

No comments

Powered by Blogger.