Светот полуде по овој пар – кога ќе ги погледнете нивните фотографии, ќе сфатите зошто

Пишува: Точка

Венди Џозеф (29) и нејзиниот вереник Ден Хенеси (30) од Њу Џерси, неодамна ја прославиле својата десетгодишна врска, а по тој повод Венди објавила нивна фотографија на Инстаграм.

Поради очигледно драстичната трансформација, фотографијата набрзо станала вирален хит.

Неверојатната трансформација на парот кој пред 10 години изгледал срамежливо, а денес впечатливо и “бескомпромисно”, собрала повеќе од 60 илјади лајкови со заклучок на следбениците дека овој пар воопшто не старее.
“Разлика од 10 години! Погледнете лево – 2007 година, десно е 2017 година. Некогаш го криев своето лице со рамната коса, а Ден се бричеше секоја недела. Сега објавуваме фотографии во костими за капење од различни земји”, напишала Венди.
“Од која фонтана пиете вода? Дали сте откриле некој таен препарат за вечна младост?”, се само дел од коментарите на Инстаграм.

Венди и Ден се фитнес тренери во Сан Диего и се целосно посветени на здравиот начин на живот.

Поединечни медиуми во прилог на оваа приказна заклучиле дека многумина од нас можат да изгледаат како што ќе посакаат со малку труд и упорност.

No comments

Powered by Blogger.