Запознајте ја Агуеда Лопез, жешката сопруга на Луис Фонси (фото)

Оваа беспрекорна убавица, и покрај тоа што е мајка на две дечиња, е водител, модел, дизајнер, едноставно успешна деловна жена.



Песната „Despacito“ го освои светот, а деновиве му донесе на Луис Фонси четири Латино Греми награди.

39-годишниот Порториканец неодамна повторно лансираше песна со заразен ритам, овојпат станува збор за дует со Деми Ловато, „Echame La Culpa“.


Неговата слава низ целиот свет вртоглаво расте, но кој му е најголемата поддршка на овој музичар?

Се разбира, неговата прекрасна сопруга Агуеда Лопез. Тие се во брак од 2014 година и заедно ги имаат ќерката Микаела и синот Роко.
Лопез не само што е мајка на две дечиња со полно работно време, таа е и успешен модел и деловна жена. Родена е во Кордоба, Шпанија, а во Мадрид студирала новинарство. Таа исто така била танчарка, но престанала откако сфатила дека манекенството е нејзината страст.
Од 2013-та година убавата бринета започнала да се појавува во улогата на водител на неколку телевизиски проекти и до денес успешно го прави тоа. Има и своја линија за детска облека, посветена на нејзината ќерка Микаела.

celebs, Agueda Lopez, Luis Fonsi Wife

celebs, Agueda Lopez, Luis Fonsi Wife


No comments

Powered by Blogger.