Останала без гориво сред ноќ: Бездомникот ѝ го дал последниот долар кој го имал, а потоа почнала и една прекрасна приказна

Пишува: Точка

Една жена од Филаделфија собрала околу 110.000 долари за бездомникот кој и помогнал кога автомобилот и застанал на патот.

Кејт Меклур останала без бензин додека возела, па морала да застане на меѓудржавен пат во Филаделфија.

Веќе било доцна околу полноќ и не знаела што да прави и од кого да побара помош. Немала ни пари.

Тогаш се појавил бездомникот Џони Бобит Помладиот, и кога видел дека Кејт има проблем, и кажал да го заклучи автомобилот и да не излегува. Отишол до бензинската станица која била оддалечена неколку блокови, и со последните 20 долари во џеб и купил бензин.

Бидејќи тогаш немала пари да му се заблагодари, неколку пати се враќала на патот за да му даде облека, храна и пари. По неколку средби, одлучила да започне иницијатива за собирање пари за Бобит, за да се тргне од улицата. Парите почнале да доаѓаат, а целта им била да соберат околу 10.000 долари. Меѓутоа, собрале многу повеќе, околу 110.000 долари.

"Бев наивна мислејќи дека автомобилот ќе издржи толкав пат на резерва. Никогаш претходно не ми се случило нешто слично. Таму го видов Џони, тој секој ден стои покрај патот. Не ми побара ни цент, само сакаше безбедно да дојдам дома. Подоцна му ги вратив парите за бензин, му дадов јакна, ракавици, капа, чорапи, но и мислев дека би можела да направам нешто за него. Ве молам, помогнете му на овој човек бидејќи доаѓаат студови. Навистина мислам дека тој тоа го заслужува", рекла Кејт.

Откако тамошните граѓани слушнале за неа, се јавиле и неколку негови поранешни колеги од Итната помош и пријатели кои рекле дека знале дека исчезнал пред 18 месеци, но дека го паметат по доброто срце.

No comments

Powered by Blogger.