Бразилски подводни племиња: Овие луѓе и денес живеат во склад со природата, целосно отсечени од светот

Пишува: Точка

Фотографот Рикардо Стакерт направил серија неверојатни фотографии, кои даваат редок увид во животот на бразилското племе.

Рикардо со снимањето почнал во 2015-тата година, и со бразилското племе минал неколку месеци за да собере фотографии за својата книга за бразилските племиња.



Подводните фотографии ги направил кога Индијанец од племето Камаиура нуркал под водопад.



"Фотографиите го прикажуваат традиционалниот начин на живот на овие луѓе кои живеат во хармонија со природата", рекол Рикардо.



Рикардо 29 години професионално се занимава со фотографија, а бразилските племиња ги фотографира уште од 1996-тата година, кога прв пат го посетил племето Јаномани.



"Целта ми е да покажам како тие живеат денес, и како преживуваат во модерното општество. Живеат во совршена хармонија со природата, и докажуваат дека уште е можно да се преживее во некои области", истакнува авторот.



Домородните племиња меѓу првите ја населиле територијата на Јужна Америка, и претставуваат важен дел од локалната култура.



"Тие се војници кои се борат против многу несреќи. Но тие ја сакаат природата и се борат за неа", истакнува авторот.



Рикардо затоа одлучил до 2018-тата година да ја објави книгата со наслов "Бразилски индијанци", со која се надева дека ќе придонесе за нивниот опстанок.

No comments

Powered by Blogger.