Авторот на книгата за Трамп: "Ова би можело да стави крај на претседателскиот мандат на Трамп"

Пишува: Точка

Новинарот Мајкл Волф, автор на книгата која остро го критикува Доналд Трамп, во интервју за "BBC" рекол дека неговите откритија би можеле да стават крај на престојот на Доналд Трамп во Белата куќа.

Заклучоците настанати на основа на изјавите на соработникот на сегашниот американски претседател собрани во книгата "Fire and Fury: Inside the Trump White House", велат дека Трамп не е способен да ја врши должноста и дека засега тоа е прилично прифатена гледна точка.

"Мислам дека еден од поинтересните заклучоци од оваа книга досега е дека е "царот гол"", рекол Волф во интервјуто.



"Сите велат - О Боже, значи вистина е, царот е гол"

"Изгледа дека приказната која ја раскажав го прикажува неговиот претседателски мандат на начин кој зборува дека тој не може да ја изврши таа должност", рекол Волф.

"Наеднаш луѓето насекаде велат - "О, Боже, значи вистина е, царот е гол". Тоа е позадината на перцепцијата и разбирањето кои на крајот ќе стават крај на овој претседателски мандат", рекол Волф за "BBC".



Трамп тврди дека тоа се лаги

Трамп ги отфрлил наводите од книгата како "лаги, лажни интерпретации и непостоечки извори".

Книгата носи мрачна слика за Белата куќа во која персоналот не ја работи својата работа, а претседателот сите го опишуваат како детиненста личност и го исмејуваат поради некомпетентноста и неспособноста да управува.



Наводите од книгата ги отфрлил и министерот за надворешни работи на Трамп, Рекс Тилерсон, кој во петокот навечер рекол дека никогаш не се сомневал во менталните способности на Доналд Трамп да ја врши претседателската должност.

Адвокатите на Трамп безуспешно се обиделе да го сопрат објавувањето на книгата која содржи бомбастични информации за неговиот мандат, и во која се тврди дека Трамп не бил подготвен за претседател, дека се однесува како дете и дека мисли "дека се мора да се врти околу него".

Волф пишува дека тимот на Трамп бил шокиран и исплашен по изборната победа, дека Првата дама изборната ноќ плачела од тага, а дека Трамп бил бесен што најпознатите пејачи одбиле да настапат на неговата инаугурација.


No comments

Powered by Blogger.