Богојавление во Русија: Путин ги праша новинарите дали им студи, а потоа се фрли во ледено езеро


Пишува: Точка

Рускиот претседател, Владимир Путин, се искапа во заледено езеро на традиционалната прослава на Богојавление во Русија. Станува збор за долгогодишна традиција на православната црква, а верниците низ цела Русија се капат во студена вода.


Путин влезе во ледената дупка на езерото Селигер, северно од Москва, по повод одбележувањето на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.


Рускиот лидер во јавноста изгради имиџ на силен човек, а на сите им е добро позната неговата љубов кон природата и активностите на отворено.

Путин до езерото дојде во крзнен капут и ноншалантно ги запраша насобраните новинари дали им е ладно.

Потоа го соблече палтото и влезе во водата претходно осветена од руското свештенство.

Традиционалното капење во ледените реки и езера во Русија се одвива во текот на ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти јануари.

No comments

Powered by Blogger.