Страшно пророштво на рускиот патријарх: Човештвото се ближи кон својот крај

Пишува: Точка

Патријархот на Руската православна црква, Кирил, изјавил денес дека човештвото, "кое е длабоко во гревови", се ближи кон својот крај.

"Треба да бидеш слеп за да не видиш доближување на страшни историски моменти, за кои зборувал Јован Богослов", рекол патријархот по служењето на литургија во главниот руски православен Храм Христос Спасител.



Тој ги повикал сите луѓе кои ја сакаат Русија да бидат заедно, бидејќи човештвото влегува во "критичен период на развој", што, по неговата оценка, се гледа со голо око.


Патријархот Кирил додал дека во склад во христијанската вера, доаѓањето до крајот на светот зависи од самите луѓе. Ги повикал и сите верници да преземат одговорност за Русија и целиот човечки род.


No comments

Powered by Blogger.