Светот е на работ на нова војна? Либанската армија се мобилизира - ќе сториме сѐ за да спречиме инвазија на Израел!

Пишува: Точка

Првиот човек на либанската армија им порача на војниците да бидат во целосна состојба на подготвеност за на јужната граница да се соочат со „израелските непријатели“.

Оваа порака пристигнува истовремено со вестите кои што најавија потрес на Блискиот исток - имено, арапските земји, вклучувајќи ја Саудиска Арабија, се обврзаа да го стегнат обрачот околу организацијата Хезболах во Либан.

Либанската армија треба да биде подготвена за „соочување со заканите на израелските непријатели и непријателските намери на Израел кон Либан“, изјави Џозеф Аоун и порача дека војската треба да соработува со силите на Обединетите нации во Либан според резолуцијата на ОН која што беше усвоена со цел да се реши конфликтот меѓу Либан и Израел.

Според Аоун „заканите кои што доаѓаат од Израел продолжуваат“ и неговата држава има право да пружи отпор на сите можни начини.



Овие зборови на претседателот одекнаа во регионот, а либанскиот министер за надворешни работи Гебран Басил го предупреди Тел Авив да не предизвикува избувнување на војна. Тој во разговор за "Russia Today" порача дека Либан е подготвен за војна и ќе стори се за да спречи израелска инвазија на државата

„Треба да спречиме Израел да започне војна, токму затоа што Либан во едно такво сценарио ќе победи“, порача Басил.

Либан се наоѓа во тешка политичка криза откако премиерот Саад Харири на 4-ти ноември поднесе оставка и притоа го обвини Иран, но и организацијата Хезболах за ширење на конфликтот во арапските земји.



Арапската лига во неделата свика итен состанок во Каиро, при што Иран беше обвинет за дестабилизација на регионот. Сојузот го означи Хезболах како терористичка организација, но од таму сопреа без да се заканат со било каква акција. Главниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абдул Геит порача дека земјите членки се подготвени да се обратат до Советот за безбедност при ОН за да се разговара за можни чекори против Иран.

Нешто подоцна од Техеран ги отфрлија ваквите тврдења на Арапската лига и обвинувањата ги нарекоа „обични лаги“ и производ на саудиската пропаганда. Од иранското Министерство за надворешни работи ѝ порачаа на Саудиска Арабија да престане со „барбарските напади“ во Јемен и го повикаа Ријад да го повлече ембаргото кон Катар.

Претседателот на Либан од друга страна застана зад Хезболах, тврдејќи дека неговата земја е подложна на инвазии од страна на Израел со децении и затоа има право да се заштити.


Во меѓувреме се јавија и Израелците - Гади Ајзенкот од израелската армија порача дека Тел Авив е подготвен да придонесе во новиот меѓународен сојуз на Блискиот исток кој што одлучно би ги сопрел сите закани кои што доаѓаат од Иран.

Тој додаде дека иако Израел не планира да го нападне Хезболах, подготвен е со Саудиска Арабија да разменува разузнавачки информации.


No comments

Powered by Blogger.