Преживеала вистински пекол: Сакам да бидам последната девојка на светот која што има приказна како мојата

Пишува: Точка

24-годишната Надиа Мурад била сексуална робинка на џихадистите на Исламската држава, а откако успеала да го преживее хоророт, сега раскажува за ужасите низ кои што поминала.

Надиа инаку е припадничка на курдското малцинство Језиди од Ирак и таа била една од околу 7 илјадите девојки и жени Језиди кои што биле киднапирани и одведени од нивните села од страна на џихадистите на Исламската држава во 2014-та година.

Терористите го уништија градот Синџар, а на мажите им наредиле или да преминат во Ислам, или ќе бидат убиени. Жените биле киднапирани, а потоа продавани како сексуални робинки. Надиа останала без целото свое семејство кое што било ликвидирано брутално од џихадистите, а потоа била одведена во Мосул.

Таа во својата книга ги опишала сите ужаси низ кои што поминала. Сексуалното изживување и насилството врз неа започнало веднаш откако била сместена во автобус за Мосул. Еден од џихадистите веднаш ја фатил за градите, раскажува таа.

„Како да почувствував оган. Никогаш, никој дотогаш ме немаше така допрено. Моите солзи паднаа на неговата рака, но тој не престана“, се сеќава Надиа и открива дека веднаш потоа била одведена на пазарот со сексуални робинки.

Нејзе ја купил еден судија и таа била неговата четврта сексуална робинка. Била заробена во неговата куќа каде што тој ја тепал и силувал секој ден. Тој ја тепал дури и ако ги затворела очите додека ја силувал и ја присилувал да лиже мед од неговите нозе, раскажува таа.

Надиа се обидела да побегне, но веднаш ја фатиле. Тогаш, како што раскажува, шестмина џихадисти групно ја силувале како казна, а потоа ја силувале и останатите џихадисти кои што биле на местото.

„Никогаш не знаете кој ќе ја отвори вратата и ќе ве нападне. Знаеш дека само тоа ќе се случи и може да биде уште полошо“, раскажува Надиа.

Несреќната девојка сепак некако успеала да побегне од рацете на исламистите. Таа стигнала до бегалски камп во северен Ирак и станала една од жените кои што биле избрани за бегалската програма на германската влада минатата година.

Од тогаш работи како активист и номинирана е за Нобелова награда за мир. Во својата книга, таа порачува: „Сакам да бидам последната девојка на светот која што ќе ја има приказната како што е мојата“.

No comments

Powered by Blogger.