Девојката која ја нарекуваат "Мртва невеста" ги лажирала операциите: Станува збор за добра шминка и фотошоп, тоа е уметност

Пишува: Точка

Сахар Табар, тинејџерка од Иран, која тврдела дека направила 50 операции за да изгледа како Анџелина Џоли, признала дека сè е измислица и дека фотографиите ги направила на фотошоп.

Сахар го згрозила интернетот со објава на фотографии на кои личи на "мртва невеста", "зомби" и "труп", како што ја нарекувале корисниците на социјалните мрежи.
"Дури сега гледам дека имам сличност со Анџелина, но да личам на некого не е моја цел", рекла Сахар. Таа открила дека за сè е заслужен Фотошоп и добрата шминка.
"Секоја нова фотографија беше позабавна. Мислам дека тоа е облик на самоизразување и некој вид на уметност. Моите фанови знаат дека ова не е моето вистинско лице", продолжила Сахар.
Сепак, признала дека била на неколку естетски операции, вклучувајќи корекции на носот и усните.

No comments

Powered by Blogger.