Обезбедувањето на турскиот претседател потфрли: Погледнете како овој човек скокна да го прегрне Ердоган

Пишува: Точка

Човекот кој што успеа да се качи на бина за да го прегрне турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отвори прашањето колку е ефикасно обезбедувањето на првиот човек на Турција.

Обезбедувањето задоцни, но сепак го уапси, а потоа и го ослободи, затоа што било утврдено дека тој не претставува опасност по безбедноста на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Имено, Хусеин Демирџан со својот потег, сега отвори сериозна расправа во Турција околу тоа колку е ефикасно обезбедувањето на првиот човек на државата, со тоа што тој успеа да му се приближи на Ердоган неколку секунди.

Иако обезбедувањето после минатогодишниот обид за државен удар во Турција било драстично зајакнато, сепак ова е доказ дека постојат и мали пропусти кои што би можеле да завршат фатално.

No comments

Powered by Blogger.