Утврден е идентитетот на еден од убиените разбојници во Кисела Вода

Пишува: Точка

Идентитетот на еден од двајцата убиени разбојници во менувачницата во Кисела Вода е утврден, соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје.

„Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал. Обезбедени се траги од местото на настанот, како и видеонадзорот од менувачницата. Идентитетот на едно од починатите лица е утврден. Во моментот се преземат дејства за идентификација на второто починато лице“, соопшти скопското Обвинителство.

Убиството се случи попладнево околу 16.30 часот при обид за вооружен грабеж. Сопственикот на менувачницата со огнено оружје ги застрела двајцата разбојници, кои починале на самото место.

На сопственикот на менувачницата му била укажана медицинска помош поради добиени телесни повреди при настанот.

No comments

Powered by Blogger.