Богати или сиромашни: Каков успех ви е запишан во ѕвездите?

Парите сами им паѓаат на Девиците и Скорпиите, а дури Рибите и Близнаците одлучат што сакаат, зделката веќе е во туѓи раце.

Пишува: Точка

Кога се парите и деловниот успех во прашање, постојат хороскопски знаци кои се предодредени за живот на тронот, додека другите ќе мора повеќе да се потрудат, како и да ги променат своите навики и начинот на размислување.

Кои се знаците со најмногу шанси да стекнат големо богатство, а на кои тоа нема да им појде од рака така лесно? Каков успех ви е запишан во ѕвездите?

Во продолжение, прочитајте што открива Зодијакот на оваа тема:

Овен

Никој не е толку амбициозен колку Овните. Кога на паметната глава и високата самодоверба ќе се придаде и огнениот темперамент, овој знак лета кон самиот врв. Што и да прават, тие го прават квалитетно и стратешки. Сепак, најголемо богатство ќе постигнат ако одлучат да го работат тоа што најмногу го сакаат.


Бик

Биковите се сериозни и големи играчи со кои нема шега. Тие никогаш не се откажуваат, а тоа што се тврдоглави им помага да склопат договори за какви другите може само да сонуваат. Знаат кога треба да притиснат со „роговите“ и да ги пробијат границите.
Близнаци

Шармантни, симпатични и забавни, Близнаците се прекрасни пријатели и љубовници, но не и богаташи. Ја мерат секоја одлука и се плашат од неуспехот, па ретко ќе се одважат и направат нешто големо, или, пак нешто кое уште никој пред нив го нема направено. Би требало да бидат похрабри и повеќе да веруваат во себе.


Рак

Раковите посакуваат да направат промена во светот, па ретко ќе се одлучат за работни позиции што ќе им донесат големо богатство, а почесто за оние со кои ќе остварат барем мал придонес кон општеството. Со нивната прекумерна чувствителност, тие не се „материјал“ за немилосрдниот свет на богаташите, но тоа е сосема во ред.
Лав

Лавовите ги обожуваат парите, а нивната бескрајна самодоверба им е најважниот клуч за успехот. Не ги интересираат „хејтерите“, ниту оние што им говорат дека нема да успеат. Штом ќе си зацртаат нешто, тие ќе направат сѐ тоа и да го реализираат.


Девица

Дисциплинираниот поглед на животот, предаденоста на работата и перфекционизмот, Девиците ги водат директно до врвот. А, ни тоа што се одлични шефови и другите по малку стравуваат од нив, не им е на одмет. Веруваат во себе, не се плашат да „загризаат“ и предвидуваат успех кој речиси секогаш и се остварува.

Вага

Симпатичните Ваги не ги интересираат парите, славата и излежувањето по јахти. Најважно им е да пронајдат мир, да уживаат во животот и да имаат добри односи со семејството и пријателите. Тие се вредни и трудољубиви по природа, па ќе работат како би имале доволно пари за живот, но нема да трошат време и нерви на безбројни прекувремени часови во потрага по „нешто повеќе“.



Скорпија

Скорпиите се ексцентрични аутсајдери кои воодушевуваат со својата страст – како во приватниот живот, така и во професијата. Голема е веројатноста дека тие ќе направат нешто посебно, иновативно и занимливо. Го следат мозокот и срцето на патот до својот сон, а неретко ќе отпочнат работа со блиска личност, бидејќи се изразито лојални.

Стрелец

Овој знак има изобилство од енергија и одлични идеи, ама и една „маана“. Не може да ја смисли опцијата да биде врзан за ист партнер, исти работни задолженија, или, пак, исти продукти на подолго време. А, можеби и да се соочи со она од што најмногу се грози – досадата. Стрелците би можеле да се збогатат со професии кои подразбираат патувања или организација на настани, но никако со нешто кое треба со години да го градат.


Јарец

Паметни и сталожени, Јарците никогаш нема да прават почетнички грешки во работата. За секој свој проект ќе припремат детален план и добро ќе размислат за сите аспекти кои би можеле да тргнат во крив правец. Ќе го истражат пазарот, ќе се погрижат за финансиите и ќе ги исклучат емоциите како би постигнале успех, што вообичаено и им поаѓа од рака.
Водолија

Водолиите имаат одлични шанси за успех, бидејќи се исклучителни визионери и идејни водачи. Никој не може да ги надмине во идеите, но нивниот по малку „хипи“ карактер, би можел да ги спречи на патот до големо богатство. Поради тоа, за нив би било најдобро да пронајдат доверлив партнер кој се разбира во финансии и тактичко пливање со „крупните ѕверки“.

Риби

Додека Рибите одлучат што сакаат, деловниот договор веќе е во рацете на некој друг. Тие се емотивни, смирени и имаат изразена интуиција, но понекогаш и претерано се потпираат на неа, барем кога станува збор за работата. Или имаат преголема, или, пак, премала доверба во другите луѓе. Еднаш немаат јасна визија, другпат не знаат како самите себе да се воодушеват. Престанете премногу да размислувате и фокусирајте се на работата.

No comments

Powered by Blogger.