Буквално поместувал брда и планини за да ги види своите деца: Овој татко го правел невозможното за неговите синови да може почесто да доаѓаат

Пишува: Точка

Еден Индиец од државата Ориса пробил 8 километри долг пат, за неговите деца, кои одат во училиште оддалечено 15 километри, да можат почесто да си доаѓаат дома.

45-годишниот Јаландар Најак со помош само на метални прачки направил цел пат до училиштето во кое одат неговите тројца синови. Тие од училиште до дома и назад патуваат три часа, бидејќи мора да минат дури пет брда, поради што и ретко доаѓаат кај своите родители.

Последните две години Најак секојдневно, од рано утро, тргнувал копач и метална прачка и по осум часа дневно кршел карпи и отстранувал огромни камења.


Кога локалните новинари го прашале зошто го прави тоа, им рекол дека се надева дека кога патот ќе биде готов, неговите синови ќе може почесто да доаѓаат за празници и викенди дома. Селските власти ветиле дека тие ќе ги направат преостанатите 7 километри пат кои го поврзуваат селото со градот во кој се наоѓа училиштето.

Изградбата сега ја преземале властите, а ветиле и дека на Најак ќе му исплатат пари за вложениот труд. Тој рекол дека е пресреќен и ги замолил во селото да воведат питка вода и струја.


Тој додал дека никој од месните власти досега не му помагал и дека реагирале така дури кога минатиот месец била објавена приказната за него во весниците.

"Останав шокиран, бидејќи Најак внимавал да оштети ниедно дрво додека го копал патот", рекол новинарот Сибашакти Бисвал, кој прв го интервјуирал Најак.

No comments

Powered by Blogger.