Тресе во целиот свет: Три силни земјотреси го потресоа светот, целата планета во страв


Пишува: Точка

Три силни земјотреси се случиле вчера вечерта и рано утрово, а погодена била пограничната област меѓу Иран и Ирак, истокот на Јапонија и Костарика.

Најлош бил силниот земјотрес кој ја погодил пограничната област меѓу Иран и Ирак, Керменшах, и убил, според последните информации, 214 луѓе, додека повеќе од 2.800 биле повредени.

Јачината на тој земјотрес била меѓу 7 и 7,9 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денес го потресол источниот брег на Јапонија, соопштил американскиот Геолошки институт. Земјотресот ја погодил областа на 351 километар источно од Сендај на островот Хоншу, на длабочина од 9,5 километри.

Силен земјотрес, со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, го погодил и брегот на Костарика, и тоа руралните подрачја во близина на туристичкиот град Хака. Настрадале три лица. Материјалната штета не е голема и не е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот се случил на 43 километри југозападно од престолнината Сан Хозе, на длабочина од 20 километри, соопштил американскиот Геолошки завод.

No comments

Powered by Blogger.