Плачел целиот аеродром: Сопственикот го оставил кучето, тоа го чекало еден месец, па умрело од депресија

Пишува: Точка

На еден аеродром во Колумбија, сопственикот го оставил своето куче, кое еден месец се обидувало да го пронајде, а потоа умрело од "скршено срце".

Луѓето се обидувале да го нахранат кучето кое го нарекувале Нубе Виајера, што значи "облак кој патува".

Работниците на аеродромот се грижеле за женката додека чекала нејзиниот сопственик да се врати. Меѓутоа, кучето било премногу тажно за да јаде редовно, а на крајот женката престанала да јаде во целост, што влијаело на нејзиното физичко здравје.

Се верува дека чекала нејзиниот сопственик да се врати на аеродромот, но тоа никогаш не се случило.

Алехандро Сотомонте Нино, ветеринар од Колумбиската фондација за заштита на животни рекол: "Претпоставуваме дека сопственикот отпатувал и ја напуштил".

По еден месец неуспешна потрага, кучето сфатило дека сопственикот нема да се врати, се сокрило во агол и одбивало да јаде. Работниците на аеродромот повикале ветеринар кој го хранел домашното милениче со физиолошки раствор.
Ова траело неколку седмици, но обидите за спасување на кучето не биле успешни. Животното паднало во депресија и умрело. Ветеринарот соопштил дека немало никакви болести, односно дека умрело од депресија.

No comments

Powered by Blogger.