Нов удар за Кевин Спејси: Повеќе нема да работи како професор по глума!


Пишува: Точка

Иако многумина не знаеле дека глумецот Кевин Спејси извесно време држел предавања по глума, сега американските медиуми јавуваат дека на Кевин не му е дозволено да продолжи со неговата работа.

Како што пишува "Variety", познатиот глумец добил отказ од работата како професор по глума. Тој држел предавања кога немал премногу обврски во филмскиот свет, а во прашање се часови кои се одржуваат преку Интернет за кои наплаќал по 90 американски долари.

Компанијата која стои зад овие онлајн часови го раскина договорот со него поради актуелните обвиненија на негова сметка.

No comments

Powered by Blogger.