Велија Рамковски се врати во “A1”: Како изгледаат телевизиските простории по седум години?

Пишува: Точка

Сопственикот на “A1”, Велија Рамковски вчера го посети објектот во кој беше сместена поранешната телевизија и затекна голем неред – откорнати тавани, скршени прозорци, урнатини и ѓубре.

Пред седум години, на 25 ноември 2010 година “А1 Телевизија” се најде под полициска опсада, која доцна попладнето ја блокираше телевизијата.

“Сите новинари на А1 и снимателите се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење. Припадниците на полицијата се сè уште пред вратата на А1 Телевизија. Останете со нас вечерва” – вака известуваше А1 на 25 ноември 2010 година.



Тогашниот премиер Никола Груевски ги повика „сите граѓани на РМ, информациите кои доаѓаат од А1 телевизија и од весниците Време, Шпиц и Коха е Ре да ги земаат со сериозна резерва“.

Рамковски, сопственикот на телевизијата беше уапсен и задржан во притвор. Тој беше обвинет за перење пари, за злосторничко здружување, затајување данок и злоупотреба на позицијата. Освен него, беше уапсена и неговата ќерка Емел Рамковска, како и уште неколкумина управители на фирми и негови блиски соработници.



Заедно со А1 беа затворени и останатите медиуми од печатената групација кои ги помагаше Рамковски. Велија одлежа 7 години во затвор од изречените 12 години, а моментално е на медицински отпуст.

No comments

Powered by Blogger.