Тврди дека пристигнал од 6000-та година во која со светот владеат роботи, а луѓето се бесмртни

Пишува: Точка

Мажот во ова видео тврди дека се вратил од иднината, односно од 6000-та година и дека има многу информации за иднината на оваа планета, а како доказ за тоа покажал матна фотографија од футуристички град.

Видеото е објавено на YouTube каналот “ApexTV” кој се занимава со паранормални појави, а досега има над 2,2 милиони прегледи.

Наводниот патник низ времето тврди дека отпатувал во иднината со помош на напредна технологија која и денес постои, но властите не сакаат јавноста да знае за неа.

“Морам да се кријам бидејќи тие не сакаат луѓето да го знаат ова. Доколку ме пронајдат, ќе бидам елиминиран”, тврди тој.

Анонимниот маж изнел бројни детали за тоа како светот се променил во текот на сите тие години.

“Пронајдовме лек за рак, постои можност за телепортација, а патувањето низ времето е достапно за секој оној кој може да си го приушти тоа искуство. Луѓето можат да присуствуваат на историски настани, а за тоа време се невидливи со цел да не влијаат врз настанот”, раскажал тој.

Како доказ за неговото тврдење, тој покажал матна фотографија од футуристички град за кој тврди дека е еден од најголемите светски градови, но не сакал да открие кој е бидејќи со тоа премногу би влијаел врз иднината.

“Фотографијата е малку матна, но тоа се случи за време на патувањето низ времето”.

Исто така, патникот низ времето раскажал дека во 6000-та година, човештвото е водено од вештачка интелигенција која е далеку попаметна од луѓето, а предноста е во тоа што таа не ги донесува своите одлуки на база на емоции. Тој тврди дека овој свет живее во утопија, а многу светски проблеми повеќе не постојат.

No comments

Powered by Blogger.