Родителите го изгубиле 6-годишниот Оливер за само 24 часа: Ги објавиле неговите последни фотографии да ги предупредат сите на кобната грешка која ја прават

Пишува: Точка

Вакцината против менингитис Б моментално е достапна за децата до една година, но владата минатата година рекла дека не е финансики изводливо истата да се обезбеди и за постари деца.

Несреќните родители на 6-годишното дете кое умрело од менингитис Б, ги споделиле последните фотографии од својот син за да ги предупредат другите родители, пренесува Independent.

Оливер Хал од Халесворт во Суфолк починал само 24 часа по бактериска инфекција, која во главно напаѓа деца и бебиња.

Сега неговите родители Џорџи и Брајан, проговориле за прв пат по неговата смрт, која се случила минатиот октомври. Ги повикуваат родителите задолжително да ги вакцинираат своите деца

Иако велат дека лекарите во болница направиле сè за да го спасат нивното дете, сепак тие вршат притисок на владата да ги заштити децата од смртоносни болести.
Вакцината против менингитис моментално е достапна за децата до една година, но владата минатата година рекла дека не е финансики изводливо истата да се обезбеди и за постари деца.

Од 3.200 случаи на менингитис во Велика Британија, 10 лица умираат секоја година, а едно од три лица останува траен инвалид

Родителите на Оливер сакаат програмата за вакцинирање да се прошири и на постари деца. Во знак на сеќавање на својот син, тие го основале фондот Оливер Хал Форевер, и досега собрале дури 4.000 фунти.

Симптомите на менингитис се студени раце, конфузија, главоболка и осип.

No comments

Powered by Blogger.