Во него биле испукани 40 куршуми, трчал да ја зачува главата: Објавена снимка од бегството на севернокорејскиот војник преку границата

Пишува: Точка

Командата на ОН под водство на САД, вчера објавила драматична видео-снимка од бегството на севернокорејскиот дезертер преку границата со Јужна Кореја, при што војниците од подрачјето на Северна Кореја пукаат во него и го бркаат, додека јужнокорејските војници го спасуваат.

На снимката се гледа како војникот со голема брзина со џип се спушта по патот со три ленти, а потоа со возилото излетува од патот, по што го бркаат севернокорејски војници и пукаат во негова насока, додека тој ја минува границата, пренесува CNN.

Потоа јужнокорејските војници ползат до него и го одвлекуваат на безбедно место, додека севернокорејските војници се собираат на својата страна од границата.

Командата на ОН соопштила дека Северна Кореја го прекршила договорот за примирје, со кој бил ставен крај на Корејската војна, со тоа што војниците на таа земја пукале преку границата и физички ја преминале во потера по побегнатиот војник.

Севернокорејските војници притоа испукале околу 40 куршуми, ранувајќи го дезертерот.

Дезертерот бил префрлен во болница, каде му биле направени две операции.

No comments

Powered by Blogger.