Точка Календар 2018: Официјално погледнете го најсексапилниот машки календар за 2018

Пишува: TOЧКА

Секоја година календарите со провокативни фотографии на секси девојки се еден вид пред-новогошен подарок за мажите. Овие дела ги красат нивните работни маси, ѕидови и возила. Како одговор на нив го создадовме календарот со 12 секси македонски фраери, дело кое ќе биде освежување за женските очи, можност за оддишка од нивните секојдевни обврски и инспирација. Погледнувајќи во некое од 12-те лица, поставени на бирото, на пултот, на кујнската маса... 365-те дена ќе им бидат многу послатки и полесни.

Дванаесет момци од јавната и полу-јавна македонска сцена позираа за Точка и верувајте уживаа во тоа! Бидете подготвени за сериозна доза мелем за очи и обезбедете си до вас противпожарен апарат зашто овие 12 фотографии ќе „горат“!
 


Невидливото ги прави нештата убави. Тоа е енергијата што ја поседуваме додека создаваме нешто. Љубовта кон процесот. Ентузијазмот да се создаде дело што естетски ќе допре многумина и ќе биде една сосема поинаква приказна. Календарот за 2018-та е првиот ваков проект на Точка, кој се создаваше во само две недели. Интензивни четиринаесет дена полни многу смеа. Одлучивме да отстапиме од стереотипите, односно да скршнеме од естрадата и наши главни јунаци да бидат не-толку познати ликови, кои во себе поседуваат уникатен шарм и харизма. Па така стоматологот, менаџерот, правникот, фитнес и крос фит тренерите, актерот, кошаркарскиот тренер, ракометарот, рок музичарот и фудбалскиот голман... излегоа од секојдневните улоги и за кусо станаа модели подготвени да се позираат пред нашиот фотоапарат.

За да се чувствуваат удобно во самиот процес, за овие атрактивни момци обезбедивме луксузно студио – еден од преубавите апартмани на Хотел „Парк“ во Скопје каде секој агол нудеше совршен кадар. Секој ден различна личност во кадар, кога освен делови од телото се откриваше и нивната духовна и емотивна уникатност.

Дванаесет момци, дванаесет потполно различни и особено забавни денови. Дека и самите уживаа во создавањето на овој календар е доказ нивната желба да останат или да присуствуваат и на наредниот сет. Па, така со убава музика, храна и по некој напиток, во џагорлива атмосфера и пријатно расположение се создаваше календарот. Совршено следејќи го првичниот концепт хармонично се градеше проектот, кој наликуваше на една една голема сложувалка во која до перфекција и компактност се местеа сите парченца.


Им благодариме на нашите згодни момци за сета енергија и отвореноста со која зрачеа!

Погледнете го и 'Making Of..' видеото за Точка Календар 2018

No comments

Powered by Blogger.