Новата девојка на Леонардо ди Каприо има само 19 години

Пишува: Точка

Еден од најпосакуваните холивудски заводници, по прекинот на повеќемесечната романса со Нина Агдал, ја пронашол среќата во прегратките на својата нова девојка – 19-годишната манекенка Џулиет Перкинс.

Леонардо ди Каприо веќе со години е познат како еден од најпосакуваните холивудски ергени, а според листата на убавици со кои тој бил во минатото, не е тешко да се заклучи кој е неговиот тип на жена.

Славниот актер е “слаб” на манекенки и супермодели, а доказ за тоа се врските со познатите модели Жизел Бундшен и Бар Рафаели, како и со данската убавица Нина Агдал.

Освен тоа, во шест месеци по прекинот на врската, тој променил голем број на девојки.

Најпрвин го поврзуваа неговото име со 23-годишната Лорена Рае, потоа 25-годишната манекенка Тони Гарн, со која пред неколку години беше во врска, а потоа и со прекрасната 20-годишна бринета Кендис Блекбрн, а сега своето внимание тој го насочил кон уште помлада убавица.
Имено, 43-годишниот Лео во последно време е често забележуван во друштво на 19-годишната новозеландска манекенка Џулиет Перкинс.
Парот наводно се зближил на париската модна недела, а по ревијата се забавувале во тамошните ноќни клубови.
На последните папараци фотографии, тие се забележани како се возат во автомобил по едно од ноќните излегувања.

No comments

Powered by Blogger.