До каде може да оди човековата глупавост? За да не плати сметка во хотел, скокнал од прозор на 19-ти кат

Пишува: Точка

Кинез се обидел да побегне од хотелот и да не ја плати сметката така што скокнал од прозорот на неговата хотелска соба на 19-ти кат. За негова среќа „спасил глава“, но за негова несреќа завршил во затвор.

Со намера да не ја плати сметката во хотелот во кој што престојувал, овој Кинез сакал да го напушти хотелот и тоа преку прозорецот на 19-ти кат. Тој се обидел да се префрли на другата зграда која што била поврзана со хотелот со телефонски кабли.

Меѓутоа, очигледно ги преценил своите акробатски можности, па на крајот едвај успеал да се спаси и да не падне од огромната висина. На снимките кои што се појавија на социјалните мрежи може да се види како виси на 60-тина метри и едвај успева да се задржи на каблите. За среќа, полициските служби реагирале на време и го спасиле неговиот живот

„Мажот е спасен и помина без повреди, но веднаш потоа беше уапсен“, соопштија од полицијата.

Не е јасно колкава сметка имал направено во хотелот за да одлучи да го ризикува својот живот за тоа, но во секој случај, неговата одлука да излезе од прозорецот и преку телефонски кабел да побегне од хотелот на најдобар можен начин покажува до кои граници може да оди човековата глупавост.

No comments

Powered by Blogger.