(18+) Денот на гордоста во Берлин низ објективот на Кристоф Гато

Пишува: Точка

Кристоф Гато ја документираше парадата за Денот на Гордоста во Берлин-сите тие среќни лица со маски од латекс уживаа на сончевиот ден.

Минатогодишниот Ден на Гордоста во Берлин остави голем впечаток и можеби бил еден од најспецифичните до сега, бидејќи темата била "Danke für Nix" што во превод значи "Ви благодарам за ништо". Ова мото ја отсликуваше тогаш моменталната состојба на ЛГБТ правата во Германија: на геј паровите не им било дозволувано да се венчаваат и да посвојуваат деца, а луѓето кои биле осудувани поради "хомосексуално кривично дело" пред повеќе од десет години според Законот 175, сè уште ја чекале рехабилитацијата која им ја вети германското министерство за правда.



Но, секако, не би била парада на гордоста доколку луѓето не би можеле да ја искажат таа неправда. Речиси 500.000 посетители биле присутни на улиците во Берлин. Сите се собрале за да ја прослават ЛГБТ културата и воедно да ги гледаат маскираните лица кои минуваа од Јоакимшталер до Брандербуршката капија.

Кристоф Гато го документирал тој ден-сите тие среќни лица со маски од латекс уживаа на сончевиот ден.


































No comments

Powered by Blogger.