Бугарското МВР треба да испита како Грујевски и Бошковски дошле до лажни бугарски пасоши?!


Пишува: Точка

Пранешните функционери во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, по кои македонската полицијата трага од јули, се уапсени од грчки Интерпол со лажни бугарски пасоши.

Покрај македонското МВР, за апсењето е известено и бугарското МВР, кое според процедурата треба да почне истрага за фалсификуваните патни исправи.

Бугарските патни исправи ги искористиле за да влезат во Грција, но нема официјална информација каде престојувале осомничените откако од јули се во бегство. Според полициски извори, тие имале намера да отпатуваат на друга европска дестинација, но биле спречени во намерата кога се фатени со група од шест лица на солунскиот аеродром.




Инаку, МВР уште пред три месеци распиша меѓународна потерница, откако не ги пронајде на местата на живеење на локации во Скопје, Велес и Охрид, за кои имало сознанија дека ги користат за криење. Податоците во потерницата подоцна беа дополнети и со новоткриен податок – дека Горан Грујевски си креирал патна исправа со лажен идентитет под името Владимир Варелов. На тоа име име се води и еден од неговите станови во Скопје, а врз основа на таа адреса и тој лажен идентитет, Грујевски има и второ право на глас во Избирачкиот список. Идентитетот го „позајмил“ од колега вработен во полициската Единица за брзо распоредување. При креирањето на лажниот идентитет Грујевски ги позајмил датумот и месецот на раѓање на вистинскиот Варелов, а себеси се подмладил за 11 години со податок дека е роден во 1977 година.

Детали за апсењето на Грујевски и Бошковски од страна грчките служби, како и за начинот на кој стигнале и се криеле кај јужниот сосед, се очекува МВР да даде во текот на денешниот ден.

No comments

Powered by Blogger.