Познатиот фудбалер се огласи после гласините за разводот


Пишува: Точка

И покрај гласините дека овој славен пар стави крај на нивниот брак, очигледно тоа не е вистина. Познатиот фудбалер на Барселона и шпански репрезентативец, Жерард Пиќе се огласи по повод гласините за нивната разделба.

Светот постојано објавуваше вести за тоа дека славниот пар, Жерард Пиќе и Шакира ставиле крај на нивниот брак поради неговите проблеми со коцкањето. И покрај тоа што веќе со недели не се појавуваат заедно во јавноста, фудбалерот на Барселона објави видео на неговиот Твитер профил, демантирајќи ги овие гласини.

Тој споделил видео кое Шакира веќе го имала објавено каде свири на гитара и пее песна.

Шакира и Пиќе се во врска од 2010 година. Се запознале за време на снимањето на спотот "Waka Waka", песната која беше химна на Светското првенство во 2010 година. Тие заедно имаат две деца, Милан и Саша. Шакира и Пиќе се и еден од најпознатите парови во светот.

No comments

Powered by Blogger.