Како The Weeknd ѝ раскинал на Селена Гомез?

Селена Гомез и Џастин Бибер секогаш имаа убави зборови еден за друг и знаеја да изјават дека вистинската љубов не умира.

Пишува: Црнобело

„The Weeknd е тој што го иницираше крајот на врската со Селена Гомез, а не обратно... И тоа нема никаква поврзаност со Џастин Бибер“, пишуваат американските медиуми.

Нивната врска била на стаклени нозе уште од летото. Тие ретко се гледале поради напорните распореди, почнале сè помалку да се слушаат на телефон и во врската едноставно исчезнала страста.

Изворот тврди дека Абел ѝ се јавил на Селена пред неколку седмици и ѝ објаснил дека врската за него повеќе не функционира и ставил крај на 10-месечната романса.

Двајцата останале во пријателски односи и разговараат и по разделбата.



Смирувањето со Џастин дошло подоцна, а сега пејачот повторно ужива со својата вистинска љубов. Потврдено е дека парот е и официјално заедно откако неговиот пастор Карл Ленц проговори дека токму тој го охрабрил да се смират.



23-годишниот пејач постојано оди во контроверзната црква Hillsong и не прави потег без да го извести својот пастор. Во неколку наврати токму Карл бил тој што ја враќал младата ѕвезда на вистинскиот пат.

Тој сака Џастин да изгради добар живот, а за тоа неопходно е покрај себе да го има вистинскиот партнер кој добро ќе влијае врз него, поточно 25-годишната Селена.

Џастин ѝ бил лут на Селена што не му кажала за трансплантацијата на бубрег, но сепак ѝ испратил цвеќе за време на закрепнувањето во болницата.



Изминатата седмица тие се фотографирани заедно во повеќе пригоди.

Парот првпат се раздели во 2012 година, па се смирија и неколку пати се разделуваа, сè до официјалното раскинување во 2014. Но, Џастин никогаш во текот на годините не криеше колку му значи Селена и велеше дека кога некого сакаш толку многу, тоа е љубов што не умира.





No comments

Powered by Blogger.