Селена Гомез и The Weeknd раскинаа по 10 месеци + нови фотки со Џастин Бибер

Селена Гомез и Џастин Бибер се еден од најпознатите музички парови кои имаше повеќе од едно раскинување и смирување во минатото, а изгледа приказната не е завршена.

Пишува: Црнобело

Кога конечно сите мислеа дека Селена и The Weeknd се новиот совршен пар, работите се распаднаа по 10 месеци.

Селена и The Weeknd ја започнаа љубовната врска во јануари 2017-та, што им донесе затегнати односи со бившата на The Weeknd, Бела Хадид, но не и со поранешниот на Селена - Џастин Бибер.

Деновиве кружат нови фотки од дружбите на Селена и Џастин Бибер, по што веста за раскинувањето со The Weeknd беше потврдено.

„Селена и Абел со месеци имаа тешка врска. Беше тешко што тој е на турнеја, а таа има снимања во Њујорк. Не беше лесно за нив,“ вели анонимен извор за TMZ.

Заедно со веста за прекинувањето на врската, пристигнаа и нови фотки од Селена и Џастин:





No comments

Powered by Blogger.