Моќен моден двобој: Кејт Мидлтон Vs. Меланија Трамп

Од капути до фустани, овие две дами имаат сличен вкус околу боите и кроевите на парчињата облека што ги носат на јавните настапи.

Пишува: Црнобело

Кејт Мидлтон е омилениот член на британското кралско семејство чиј моден вкус не се доведува во прашање, а пак првата дама на Америка Меланија Трамп, ја прогласија за наследничка на модниот стил на Џеки Кенеди, па нивниот моден дуел дефинитивно звучи интересно.

Овие две диви се вљубени во исти модели на капути и слични модели на костими, па споредбата која од нив има подобар стил е навистина тешка.

Еве дел од нивните слични аутфити:

Во небесно сино издание Кејт и Меланија изгледаа тренди и дамски.



Меланија со гламурозен изглед со црвен капут ракавици. Во слично издание сме ја виделе и Кејт, но тие две овој аутфит го носат на сосема поинаков начин.



Речиси идентична комбинација во боја на мастило со ремен околу струкот и чевли во тон.



Војвотката од Кембриџ и првата дама од Америка ги сакаат сите нијанси на зелената боја.



Двете дами ги видовме во виолетово, но додека Кејт ја задржува софистицираноста на класичните изданија, првата дама на Америка сака повпечатлив гламурозен изглед.



И Кејт и Меланија од време навреме знаат да изненадат со впечатливи дезени.

No comments

Powered by Blogger.