Први фотки од Victoria’s Secret градникот од фантазиите за 2017-та

Еден месец пред моделите да слетаат во Шангај за спектакуларното Victoria’s Secret шоу, откриено е како ќе изгледа и кој модел ќе го носи овогодинешниот градник од фантазиите.


Пишува: Црнобело

Честа ѝ припадна на прекрасната Лаис Рибеиро, која официјално стана ангел во 2015-та година, но е во Victoria’s Secret семејството од 2010-та година.

Именуван како Champagne Nights Fantasy Bra, златниот градник е проценет на 2 милиони долари, изработен од чисто злато со сини сафири и додаток декоративна огрлица.

Очигледно, Лаис не била свесна за честа која ќе ѝ припадне годинава, па видеото во кое ѝ ја соопштуваат прекрасната вест е супер емотивно.

„Немав идеја дека пробата е за градникот. Кога влегов и го пробав, едноставно почнав да плачам, беше неверојатно,“ откри Лаис за Вог.

Првите објавени фотки и видеа од градникот од фантазиите за 2017-та:

No comments

Powered by Blogger.