И Tesla е во опасност: Mercedes вложува милијарди, а сите модели ќе бидат електрифицирани

Пишува: Точка

И додека автоиндустријата прилично неподготвена го пречека доаѓањето на новите технологии, тимот на Mercedes очигледно изреагирал навремено.

Автомобилскиот гигант така само во развојот на електричната EQ линија вложува повеќе од 10 илјади евра, а во следните пет години планира да лансира повеќе од десет електрични модели.

А ако кон сето тоа се придодаде постоечката гама во којашто секој модел, започнувајќи од C-Class ќе добие plug-in хибридна изведба, говориме за најмалку 50 нови модели со електрифициран погон. Првиот од EQ линијата, моделот EQC на пазарот доаѓа веќе во 2019-та година.



Освен тоа, тимот на Mercedes и особено широко работи на развојот и на новите технологии. Шефот на R&D одделот исто така вели дека тие ќе се фокусираат на високо ефикасните мотори со внатрешно согорување, хибридизацијата и развојот на горивните ќелии. Притоа е општо прифатено мислењето во Mercedes дека plug-in хибридите го нудат “најдоброто од два света”, па ќе бидат застапени кај речиси сите модели.

Во Даимлер очекуваат деа годишната потреба ќе биде минимално милион батерии, па уште од сега работат на израдбата на неколку фабрики. И додека конвенционалните мотори ќе останат и во иднина, за литиум-јонските батерии се очекува дека за пет години местото ќе им го отстапат на понапредните батерии.










No comments

Powered by Blogger.