Tежок инцидент во Аерoдром, четири куршуми испукани во глава на фудбалер

Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент на улицата „Владимир Комаров" во скопската општина Аеродром. МИА дознава од очевидци дека со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот е погодено лицето М.Ј., активен фудбалер.

Пишува: MKD.mk

Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транпортирале во непознат правец.

Полициски екипи се веќе пристигнати на терен. Напаѓачот е во бегство, а оружјето го оставил на лице место.

Од МВР потврдија дека имало пукање, полицијата е излезена на лице место, а подетални информации ќе соопштат подоцна.

No comments

Powered by Blogger.