(Видео) Емoтивен видеоспот на Некст Тајм за „Слушам кај шумат шумите“


Пишува: ReporterMK

Стефан и Мартин Филиповски од дуото Некст Тајм, вчеравечер во Драмскиот театар во Скопје ја промовираа својата најнова песна „Слушам кај шумат шумите“. Песната ја преработи композиторо™т Никола Мицевски, а миксот го изработи Дејан Момировски.



Некст тајм се враќаат на сцената две години откако ја обработија старата народна песна „Ѓурѓа“



И оваа преработка на старата македонска народна песна посетителите на промоцијата, нно и нивните фанови на социјалните мрежи ја оценија како фантастична, а Стефан и Мартин, обраќајки им се на присутните на промоцијата, рекоа:

„Долго време бевме надвор од сцената со цел на публиката да ѝ дадеме нешто навистина квалитетно кое ќе вреди да се слушне и да се види.“



Песната е дополнета со уште подобро изработен спот од страна на Мелем продукција, а го режираше Огнен Шапковски. Спотот кој наликува на филмска приказна е еден од најдобрите видео спотови кои се направени кај нас, е општиот впечаток на фановите.



За да се подготват за снимањето, Стефан и Мартин земаа часови по јавање.



Главната улога во спотот ја има актерката Ана Стојановска, а покрај неа се појавуваат и Бранко Калеников, Борис Јосифовски, Васко Гегоски, самиот режисер и браќата Мартин и Стефан.



No comments

Powered by Blogger.