Страшно откритие за мистериозното исчезнување на авионот "MH370": Пилотот намерно свртел од курсот и убил 239 луѓе, а ова е доказ за тоа

Пишува: Точка

Малезискиот авион на летот "MH370" не свртел случајно од курсот. Австралиските власти рекле дека пилотот на авионот "MH370" користел симулатор кој имал сличен курс со тој кој всушност го имал пред исчезнувањето на авионот - укажувајќи на тоа дека капетанот отишол надвор од курсот.

На осми март 2014. година, "Боингот 777" на "Malaysia Airlines", кој пренесувал 239 луѓе, исчезнал без трага над Индискиот океан, оставајќи го светот збунет.

Сега е објавен конечниот документ од 440 страни за оваа мистерија, од страна на австралискиот Завод за безбедност во сообраќајот - ATSB - главно тело кое ја истражува оваа мистерија.

Во него пишува дека капетанот на "MH370", Закари Ахмад Шах, користел симулатор за летање неколку седмици пред тоа, а таму рутата била иницијално слична со таа по која летал - што укажува на тоа дека намерно скршнал од курсот.

Симулаторот покажува дека капетанот Шах го прелетал Малајскиот премин со вртење на лево и го следел патот во јужниот Индиски океан - слично на податоците од сателитското следење на MH370.
Во извештајот на "ATSB" пишува: "Според последните податоци, авионот летал околу 7.700 км". "Ова е повеќе од тоа што имало гориво во авионот за тој лет". 
Документот од "ATSB" додава: "Подводната истрага елиминираше повеќе од веројатните области. Длабоко жалиме што не успеавме да го лоцираме авионот, ниту оние 239 луѓе кои уште се водат како исчезнати.

Речиси е незамисливо и општествено неприфатливо во време на модерна авијација голем комерцијален авион да исчезне и светот да не знае со сигурност што се случило".

"И покрај големите напори и големиот број на луѓе кои беа вклучени во потрагата ширум светот, авионот не е лоциран".
Семејствата на патниците кои се наоѓале во авионот рекле дека нема доволно докази дека авионот се урнал, алудирајќи на тоа дека во истрагата нешто се крие.

Семејствата на исчезнатите кинески патници навеле дека по површинските и подводните истражувања не било пронајдено ништо релевантно, и покрај тоа што истрагата опфатила повеќе од 4 милиони квадратни километри.

No comments

Powered by Blogger.