iPhone 8 со потечена батерија најден и во Кина


Пишува: Телефони

Apple веќе вети дека ќе го истражи проблемот кој повеќемина корисници го пријавија со новиот смартфон iPhone 8 кој наводно им пристигнал со потечена батерија речиси извадена од рамката со пукната конструкција.

Сега нов случај на потечена батерија на iPhone 8 Plus се појави и во Кина, каде купувач тврди дека само што ја отворил кутијата по добиената испорака забележал дека смартфонот го има истиот проблем и неговата маска е пукната.

Корисникот iPhone 8 Plus смартфонот го нарачал од онлајн сајтот за продажба JD.com па сега ќе се утврдува како дошло до оваа состојба. Доколку се утврди грешка во процесот на склопување на смартфоните Apple ќе биде во огромни проблеми како што лани Samsung се соочи со Galaxy Note 7.

No comments

Powered by Blogger.