Официјално Huawei Mate 10 Lite: 4 камери и 5.9 инчен дисплеј

Mate 10 е еден од последните смартфони кои ќе ги видиме оваа година, кој Huawei тврди дека вреди да се чека. Денес, Huawei го претстави Maimang 6 (Mate 10 Lite), првиот смартфон на компанијата со 18:9 сооднос..

Пишува: GSM.mk

Смартфонот беше претставен во Кина под името Maimang 6, а на другите места од светот ќе биде претставен како Mate 10 Lite. Достапен е во црна, златна и сина варијанта, по цена од 365 долари. Неговата продажба ќе започне на 30 септември.







Maimang 6 е првиот уред на компанијата со 5.9 инчен full HD (1080p) дисплеј и 18:9 сооднос. Покрај тоа, доаѓа со две селфи камери од 13 и 2 мегапиксели и дуален систем камери на задната страна од 16 и 2 мегапиксели.

Под хаубата, се наоѓа Kirin 659, заедно со 4GB RAM и 64GB меморија. Скенерот за отпечатоци се наоѓа на задната страна. Работи на батерија од 3340mAh и Android 7.0 Nougat.

Како звучи? :)

No comments

Powered by Blogger.