Ново партнерство на Google и HTC за 1.1 милијарди долари


1.1 милијарди долари тежи новиот договор за партнерство меѓу Google и HTC. Сите фабрики остануваат во целосна сопственост на HTC, додека Google купи еден дел од HTC, кој припаѓаше на одделот за производство на Pixel смартфоните.

„HTC е наш долгогодишен партнер, со кој ги креиравме најубавите и најдобрите уреди на пазарот. Со нетрпение чекаме тимот од HTC да ни се приклучи на ова патување“, официјално соопштува Google.

Google исто така ќе има и пристап до патентите на HTC. Инаку, HTC ги направи Pixel, Pixel XL и Pixel 2. Новото партнерство значи дека Google ќе има поголема контрола при дизајнирањето на Pixel телефоните во иднина.

No comments

Powered by Blogger.