Глумецот Кит Харингтон од серијата Game of Thrones немилосрдно се пошегувал со својата вереница, а нејзината реакција била бесценета!


Пишува: Точка

Не само што е крал на Северот, тој е и вистински крал за Денот на шегата. Неодамна, Кит присуствуваше во емисијата на The Jonathan Ross Show каде глумецот споделил приватно видео со навистина сурова шега упатена за неговата вереница и колешка од серијата "The Game of Thrones", Роуз Лесли.

"Моето семејство ги практикува ваквите шеги за Денот на шегата, а семејството на Роуз не го прави тоа. Тоа значи дека ова беше совршена шанса да ѝ подготвам добра шега. Нејзината бесцената реакција ја споделуваа сите медиуми и се најде на премногу насловни страни низ светот. Но, таа убаво ми напомена дека ако повторно го направам ова, со нас ќе биде готово", вели Харингтон низ смеа.

No comments

Powered by Blogger.