Актуелната G-Class му кажа збогум на моделот од 310.000 евра

Пишува: Точка

Додека новата G-Class се' уште е во фаза на развој, Mercedes одлучи актуелната генерација да ја испрати во историјата со лансирањето на специјалната, ограничена “финална” серија од екстремната верзија G65 AMG.

Mercedes-AMG G65 Final Edition ќе биде достапен во само 65 примероци ширум светот, а почетната цена на овој ексклузивен автомобил во Германија изнесува импресивни 310.233 евра.

Под хаубата се крие добро познатиот 6.0 V12 агрегат со два турбо полначи, којшто испорачува 630 КС и 1.000 Nm максимален вртлив момент. Снагата се пренесува на сите четири тркала преку седумбрзински автоматизиран менувач со двојно квачило.



G65 Final Edition од состојба на мирување до стотка стига за се' на се' 5.3 секунди, додека максималната брзина е фабрички лимитирана на 230 километри на час.

Надворешноста на автомобилот е бојадисана во црно, со детали во кафена боја, како на пример заштитните елементи на долниот дел од подвозјето и специјално дизајнираните 21-инчни алуминиумски фелни.



Слична комбинација владее и во кабината на возилото, кадешто исто така доминира црната боја – како на седиштата преслечени во луксузната Nappa кожа, така и на командната табла и подот, додека штеповите се со впечатлив кафен конец.



No comments

Powered by Blogger.