Како се менувале полициските автомобили под логотото на Ford низ историјата?

Пишува: Точка

Ford објави интересна анимација на којашто се прикажани патролните автомобили коишто уште од 1950-та година оваа компанија ги изработуваше за потребите на полициските сили во САД.

Брендот Ford со децении наназад е исклучително популарен во обликот на полициски патролен автомобил во Америка, а еден од позначајните модели беше Mainline во својата седан верзија, којшто е секако прикажан и во овој краток видео запис.

Interceptor од 1952-та година за тоа време поседуваше апсолутно импозантен V8 агрегат со 125 КС, додека четири години подоцна се појави унапредениот модел со дури 215 КС.

Полициските Ford-ови со текот на времето стануваа се' помоќни, па така кон почетокот на 70-те години добија и агрегати со повеќе од 400 КС.

Во рамките со современите трендови во автомобилската индустрија, најновите полициски Ford Fusion (во Европа познат како Mondeo) имаат хибриден погон во чиешто срце се крие twin-turbo EcoBoost V6 агрегат.

Во продолжение секако вреди да издвоите малку од вашето време за да погледнете како се менувале полициските Ford-ови во последните 60-на години, бидејќи полицискиот Ford во САД претставува еден вид на култна традиција.

No comments

Powered by Blogger.